Home Живот и здравје Пронајден мртов прогонувачот на Сандра Булок

Пронајден мртов прогонувачот на Сандра Булок

Полицијата во Лос Анџелес објави извештај во кој пишува дека безживотното тело на Џошуа Џејмс Корбет е принајдено пред неколку дена во неговата куќа.

Полицијата пронајде мртво машко тело кое ја прогонуваше глумицата, Сандра Булок.

Тие дошле до куќата на Корбет да му упатат позив на суд, бидејќи ја прекршил условната казна, но тој ја затворил куќата и одбивал да им отвори. Полицијата по пет часа преговори, сепак влегла во неговата куќа, но тој веќе бил мртов.

Џошуа Џејмс Корберт како што се наведува починал од повреда која си ја нанел себеси. Не е познато кое оружје го употребил за себеси да си одземе животот, пишува Дејли Меил.

За потсетување, Корбет во мај изминатата година беше осуден на пет години условна казна, бидејќи ја прогонуваше Сандра Булок, а во 2014. година влњезе и во нејзниот дом, со машинка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Жени откриваат што прво направиле по конечното разведување

Некои разводи се спогодбени и завршуваат мирно, додека од друга страна има парови на кои м…