Брзински дуел нановиот Porsche 911 со Nissan GT-R NISMO, Audi R8 и BMW M850i


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новото Porsche 911 пристигна и веднаш беше подложен на брзински тркачки тест со неколку автомобилски ривали во трка на 400 метри и со летечки старт.

Porsche во моментов ги нуди само Carrera S и Carrera 4S. И двата имаат 3,0-литарски шестцилиндерски турбомотор со 450 коески сили во комбинација со осумбрзински менувач со двојна спојка.

Жолтата Carrera 4S во најновата трка организирана од Carwow официјално забрзува од 0-100 км/ч за 3,4 секунди со спортплус пакетот. Што е уште поимпресивно, стугнува до 200 км/ч од место за 12,4 секунди. Максималната брзина е 306 км/ч.

Најновата итерација на Audi R8 перформанс е единствениот автомобил со атмосферски мотор во трката, со фантастичниот 5,2-литарски V10 со 620 коњски сили под хаубата. Официјалното време од 0 до 100 е 3,1 секунда, а максималната брзина 331 км/ч.

Потоа тука е Nissan GT-R Nismo, со 3,8-литарски V6 со 600 коњски сили. Од 0 до 100 забрзува за нешто малку повеќе од 3 секунди, а Нисан не ја објавува официјалната бројка.

И на крај го имаме најверојатно најголемиот аутсајдер во ова друштво – BMW M850i. Луксузното купе со четири седишта може да изгледа како лесна жртва за другите, но всушност добро се држи, благодарение на V8 моторот со две турбини кој дава 530 коњски сили. BMW тврди дека времето од 0-100 км/ч е 3,7 секунди.

Победникот можеби не е изненадување, но затоа перформансите на некои од овие автомобили може да ве импресионираат.