Home Шоубизнис Број еден во заработка од социјалната мрежа: Кристиано Роналдо прави растур на Инстаграм

Број еден во заработка од социјалната мрежа: Кристиано Роналдо прави растур на Инстаграм

Кога станува збор за заработка од реклами на социјалната платформа Инстаграм, фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо и таму доминира држејќи го првото место.

Американскиот актер Двејн „Д Рок“ Џонсон беше лидер, но фудбалскиот ас го симна од врвот.

Роналдо, кој има 308 милиони следбеници на Инстаграм, може да наплати 1,6 милиони долари за една објава за реклама на својот профил на Инстаграм, објавија британските медиуми.

Двејн Џонсон (250 милиони следбеници) наплатува 1,52 милиони долари, а на третото место е американската поп-пејачка Аријана Гранде, која може да заработи 1,51 милиони долари.

Лионел Меси, кој има 224 милиони следбеници има шанса да заработи 1,1 милиони долари за рекламна објава на неговиот профил на Инстаграм.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …