Бритни Спирс заврши во ментална болница


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Своевремено најголемата светска тинејџерска музичка ѕвезда Бритни Спирс, која на времето доминраше на светската поп сцена, самоиницијативно се пријавила во ментална институција во Калифорнија, каде ќе престојува еден месец.

По објавата дека „секој треба сам да се грижи за себе и да одвои време за себе“ Бритни се пријавила во ментална болница.

Според „TMZ“ Бритни е многу загрижена поради лошата здравствена состојба на нејзиниот татко и дека поради тоа побарала помош.

Таткото на Бритни, Џејми минатата година бил опериран откако му пукнало дебелото црево, но докторите наводно не верувале во позитивен исход.

Тој, инаку веќе повеќе од 10 години е легален старател на целиот имот на Бритни Спирс.