Home Вебкафе Британците сè погневни: Нови тепачки за гориво (снимка)

Британците сè погневни: Нови тепачки за гориво (снимка)

Откако веќе една недела има недостиг на гориво, тензијата во Велика Британија за овој ресурс се зголемува од ден во ден, а со неа и инцидентите од кои некои завршуваат со тепачки.

Се појави ново видео од нова тепачка на бензинска пумпа, во која биле вмешани неколку луѓе. Британците овие битки веќе ги нарекоа KUNG FUel, асоцирајќи на источната боречка вештина.

Кризата во снабдувањето со гориво се намалува, тврдат властите во Британија откако наредија и војската да ги вози цистерните до пумпите. Во Британија гориво има, но нема кој да го развезува поради недостиг на десетици илјади возачи. Тие се главно економски емигранти кои поради коронавирусот заминаа во родните земји, но потоа поради Брегзитот не успеаја да се вратат назад.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…