Живот

Британско истражување тврди: Две дози од вакцините на Фајзер и Астра Зенека се ефикасни против делта сојот на коронавирусот

Најновата научна студија за анти-ковид 19 вакцините направена во Велика Британија докажува висока ефикасност на вакцините на Бионтек/Фајзер и на АстраЗенека против Делта варијантата на коронавирус.

Две дози од вакцината на Бионтек/Фајзер или Астра Зенека против Ковид-19 се речиси исто толку ефикасни против високо преносливата мутација Делта на коронавирусот, како и против досега доминирачката Алфа варијанта, се вели во истражувањето, објавено во New England Journal of Medicine.

Според студијата, две дози од вакцината на Бионтек/Фајзер имаат делотворност од 88 проценти против Делта сојот во спречување симтоматско заболување, споредбено со 93,7 проценти против Алфа варијантата.

Втора доза вакцина на Астра Зенека обезбедува 67 процентна заштита протв Делта варијантата, споредбено со 74,5 проценти против Алфа варијантата.

To Top