Харви Вајнстин повторно пред суд за силување – овој пат му „виси“ доживотна казна затвор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд, Харви Вајнстин беше обвинет за силување на две жени во хотели во Беверли Хилс во две одделни прилики, како и за сексуални напади на уште три жени во областа Беверли Хилс и Лос Анџелес.

Повеќе од 80 жени поднесоа обвиненија против Вајнстин за сексуални напади што се случиле во последните децении, но само неколку случаи завршија на суд.

Веќе е осуден на 23 години затвор

Вајнстин (69) на судењето дојде во инвалидска количка, облечен во затворска униформа, а беше пренесен во Лос Анџелес од Њујорк. Тој веќе отслужува 23-годишна затворска казна за други случаи на силување и други сексуални напади.

Откако на денешното судење преку својот адвокат се изјасни за невин, од судот му беше наредено да остане во затвор до следното сослушување на 29 јули, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител на Лос Анџелес.