Актуелно

Британски Daily Mail пренесува: Откриен тестаментот од Александар Велики

Дали по нешто повеќе од 2.000 години е откриен тестаментот на големиот војсководец Александар Македонски?

Лондонскиот стручњак, Дејвид Грант, тврди дека тестаментот го пронашол во текст кој со векови ни бил пред очите. Долго време отфрлуваниот тестамент ги открива плановите на Алкесандар за иднината на неговата империја, со која владееше, каде сака да биде погребан и кој треба да го наследни неговото богатство и неговата моќ, пишува Daily Mail.

Доказите дека тестаментот на Александар Македонски постои биле пронајдени во древниот ракопис познат како Александрина или Романот за Александар, во кој се опишани легендарните освојувања на големиот војсководец.

Се претпоставува дека приказните во ракописот се собирани околу 100 години по смртта на Александар, а содржат непроценливи историски фрагменти за освојувањата на Александар во Персиското царство.

Историчарите долго време веруваа дека последната глава во Александрина е политички памфлет кој ја содржи последната желба на Александар Македонски, но се досега сметаа дека е измислен.

Обемната студија на стручњакот Дејвид Грант, меѓутоа наведува на заклучок дека тестаментот е заснован на оригиналниот текст, но дека е изменет од политички причини.

Во книгата Потрага по изгубениот тестамент на Александар Велики, Грант тврди дека најмоќните генерали на Александар Македонски го сокриле оригиналниот тестамент, бидејќи тој за свои наследници ги одредил неродениот син Александар IV, кој бил полу Азијец и постариот син Херакле.

Генералите не биле задоволни со таа одлука, туку меѓусебно се бореле за власт за време на граѓанската војна, позната како Војните за наследството.

По смртта на Александар, Грант е убеден дека оригиналниот тестамент, тајно бил изменет и по налог на еден генерал бил делен во облик на флаер, како можен доказ дека тој е легитимен наследник.

Доколку Грант е во право, тоа ќе ги поништи бројните академски студии на оваа тема, кои се правени во изминатите 2.000 години.

Пропагандата и политичкиот призвук на флаерот фрла сериозна сомнеж на автентичноста на тестаментот, кој во некој момент влегол во книгата на приказни наречена Роман за Александар Велики, вели Грант додавајќи дека потоа тестаментот бил осуден да постане бајка.

Меѓутоа моите истражувања ме доведоа до неверојатен заклучок дека тој е изменет, но дека е засонован на оригиналниот тестамент на Александар Велики.

To Top