Бринкли на 63 години позираше за насловна на Sports Illustrated


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Позирајќи за насловната на Sports Illustrated, Кристи Бринкли покажа дека годините за неа се само бројки.

Американската манекенка и актерка која има 63 години, позираше заедно со ќерките Сејлор Бринкли Кук и Алекс Реј Џоел. Благодарение на појавувањето во Sports Illustrated, Кристи во доцните ’70-ти години од минатиот век стана позната како актерка и ТВ личност. Стана и успешен модел, а ги красеше насловните на Playboy и Men’s Health.

За пеајчот Били Џоел се омажи во 1985 година. Беа во брак осум години и ја имаат ќерката Алекс.

Во разговор за Sports Illustrated Кристи изјави дека на овој начин сака да докаже дека годините не се ништо повеќе од бројка.

„Кога наполнив 30 години верував дека веќе нема да позирам во костим за капење. Кога ова издание ќе излезе ќе имам 63 години, а мислев дека овие денови се минато, но го направив тоа уште еднаш, бидејќи позирав со моите девојки“, изјави Бринкли.