Home Спорт Брестовац го објави првиот список и изостави стандарден репрезентативец

Брестовац го објави првиот список и изостави стандарден репрезентативец

Данило Брестовац кој неодамна беше претставен за селектор на македонската ракометна репрезентација го објави поширокиот список на ракометари за квалификацискиот натпревар против Исланд за ЕП 2020 година.

Натпреварите ќе се играат на 10-ти април во Рејкјавик и четири дена подоцна во Скопје. За овие средби Брестовац повика вкупно 28 ракометари. Подоцна овој список ќе биде скратен.

Она што е големо изненадување и што може прво да се забележи е што на списокот на Брестовац го нема досегашниот стандарден член на репрезентацијата, Филип Лазаров.

Постоеа и гласини дека Филип Миркуловски може да биде повикан да помогне на овие средби, но тоа не се случи.

Во составот има млади ракометари како: Ненанд Костески од Струга и Марио Танкоски од Металург.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…