Бред Пит: „Какво, бре, самоубиство?!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холивудскиот актер Бред Пит неодамна, првпат после разводот, даде интервју за магазинот „GQ“ каде зборуваше за своето растење, бракот и семејството.

Во новото интервју за Associated Press, како што пренесува Фена, актерот призна дека многу работи на себе. Слободното време го поминува во „одржување бродот на површина“ и „барање нов концепт за семејство“.

– Децата се сè, тие се твојот живот. Треба да бидат наш фокус, рече актерот.

– Не сум склон кон самобуство или така нешто. Толку многу има убавина и љубов во овој свет и многу љубов која треба да се даде. Сè е во ред, тоа е само живот, додаде Пит.

Во неодамнешното интервју тој призна дека се труди да биде подобар татко и дека поради тоа оди на терапии.

– Избегнував многу од тоа. Само ги пуштив работите. Тоа секогаш беше долга игра за мене. Се надевам дека моите намери и работа зборуваат сами за себе. Немам тајни, немам што да кријам. Сите ние сме луѓе и таа човечка состојба е многу интересна. Ако не зборуваме за тоа, нема да бидеме подобри, искрено рече Бред Пит.