Home Спорт Бразил преку пенали до полуфиналето на Копа Америка (ВИДЕО)

Бразил преку пенали до полуфиналето на Копа Америка (ВИДЕО)

Изминатата ноќ со натпреварот помеѓу Бразил и Парагвај започна нокаут фазата од Копа Америка.

Бразил беше фаворит против Парагвај, но фаворитската улога „Кариоките“ ја оправдаа дури после изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел не видовме погодоци.

Во овој натпревар уште еднаш се покажа од колкава важност е ВАР затоа што доколку го немаше Бразил ќе имаше голема шанса да однесе победа во регуларните 90 минути. Имено, во 55-тата минута главниот судија на натпреварот досуди пенал, но после реакцијата од ВАР ја смени одлуката и „Кариоките“ добија само слободен удар.

Се играше 58-та минута кога репрезентативецот на Парагвај Балбуена заработи директен црвен картон. Меѓутоа и покрај тоа Бразил не го пронајде патот до мрежата.

Во пенал серијата за Бразил прецизни беа Вилијан, Маркињос, Кутињо и Хесус, а промаши Фирмино. Кај Паргвајците промашија Гомез и Гонзалез, додека поуспешни од Алисон беа Алиморн, Валдез и Ројас.

Во полуфиналето Бразил ќе го чека подобриот од денешниот натпревар помеѓу Венецуела и Аргентина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…