Одблокирана сметката на 1ТВ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако приватната телевизиска станица 1тв во рок од 24 часа го подмири долгот кон УЈП, нивната сметка која беше блокирана од управата, повторно е одблокирана. Заклучно со 31 мај годинава телевизијата должела 927.946 денари. Долгот се однесувал на неплатен ДДВ и е објавен на листата на должници на управата овој месец.

Долгот по основ на ДДВ еден месец претходно бил поголем и изнесувал над 1,5 милиони денари. Вчера сметката на телевизијата беше блокирана од страна на Управата за јавни приходи.

Денеска откако е направена уплатата, сметката на правното лице беше одблокирана. Менаџментот на компанијата пак тврдеше дека веста на блокадата е тендециозна.

„Менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката е активни што може да се утрди и со увид во банкарската потврда“.

Од телевизијата велат дека ваквите дезинформации ги сметаат за злонамерни и дека тие имаат за цел да го нарушат угледот на телевизијата и да внесат забуна кај клиентите и гледачите.

УЈП утрово информираше дека сметката на телевизијата е блокирана од вчера. Неофицијално, според извори на Сител, се работело за долг кон Управата. Сепак, од УЈП не ја кажуваат причината за блокирањето на сметката.

„Согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“.