„Браво“ за Меси, Мбапе и Нејмар – „успеаја“ да извадат бод против Клуб Бриж (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголемото изненадување од синоќешната плејада фудбалски дуели дефинитивно го приреди Клуб Бриж.

ПСЖ стартуваше со најсилниот напад, Меси, Нејмар, Мбапе, но на крајот „светците“ мораа да се задоволат само со бод. После 15. минути Херера го отвори резултат и водството на ПСЖ беше актуелно се до 27. минута.

Тогаш Ванакен со еден убав гол ги изненади ѕвездите од Париз погодувајќи за 1:1.

До крајот се очекуваше да има промена во резултатот, но ретко кој мислеше дека ПСЖ нема да успее да постигне гол. Сепак, се случи токму тоа – натпреварот заврши со нерешен резултат.

Сигурно дека ова реми на Бриж заедно со вчерашната победа на Јанг Бојс се изненадувањата на колото.