Божиќно пиво од грашок и кисела црвена зелка – празничен хит во Исланд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пиво направено од грашок и маринирана црвена зелка во Исланд стана хит меѓу купувачите во пресрет на Божиќ, а за неколку часа исчезна од полиците на продавниците.

Божиќното пиво Ора (Ора Јолабјор) е произведено од мала пиварница во Рејкјавик и е инспирирано од исландската божиќна вечера.

Исландската празнична гозба се состои од грашок и црвена зелка послужени со чаден јагнешки бут и карамелизиран компир.

Новото пиво со 5,2 отсто алкохол, е идеја на Valgeir Valgeirsson, главниот производител на пиво во RVK Brewing.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RVK Brewing Company (@rvkbrewing)

Стекнале добра репутација во изминатите неколку години кога лансирале популарни божиќни пива од алги, стебла од новогодишни елки, па дури и сушени риби. Самиот Валгеирсон (41) низ смеа признава дека рибиното пиво „во најмала рака било необично“.

Овој пат главните состојки на новото пиво, грашок и зелка ги измешал со слад, хмељ и каранфилче.

Пиварницата Valgeirsson произведува само 50.000 литри пиво годишно, што е капка во океанот во споредба со производството на меѓународните конгломерати за пиво.

Досега има произведено 6.000 литри од својот последен изум, кој потоа преку интернет беше продаден на исландската државна компанија за пиво „Винбудин“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RVK Brewing Company (@rvkbrewing)

Првата серија од 6.000 лименки се распродала за неколку часа, а набргу потоа биле продадени уште 18.000.

Валгеирсон вели дека комбинацијата на грашок и зелка е симболична за Исланѓаните, бидејќи традицијата на комбинирање на двата прилога за Божиќ датира од времето кога во зима тешко се доаѓало до свежа храна.

„Бев изненаден од многу добриот вкус на ова пиво“, рече Хедин Унштајнсон, 51-годишен владин советник, а неговиот колега Нилс Бјарки Финсен го споредил со англиско горчливо пиво, велејќи дека е пријатно изненаден бидејќи очекувал вкус на зеленчук.

Тој додаде дека во наредните години очекува повеќе необични вкусови од пиварницата Valgeirsson и низ смеа рече дека се надева на „пиво од џигер од бакалар“ за следната година.