Спорт

Бонучи е лут и навреден – сака да го напушти Јувентус!

Драмата околку Леонардо Бонучи во Јувентус продолжува, па откако беше казнет од страна на клубот и тренерот сега медиумите тврдат дека неговата иднина во Торино е под знак прашалник.

Имено, дефанзивецот влезе во вербален конфликт со Алегри за време на дуелот со Палермо. Поради тоа доби парична казна од клубот, а тренерот го одстрани од тимот за гостувањето во Порто.

Медиумите откриваат дека ваквиот однос на раководството и тренерот го навредило Бонучи кој размислува да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Имено, Бонучи се лути бидејќи нема еднаков третман како останатите ѕвезди, па за пример го зема Пауло Дибала кој исто така неспортски се однесуваше со тренерот, а не беше казнет.

Медиумите тврадат дека дефанзивецот веќе го известил раководството дека сака да го напушти Јувентус на крајот на сезоната. Тој смета дека клубот требало да го заштити за неговата лојалност, бидејќи минатото лето имаше богати понуди од Челзи и Сити, а тој одлучи да остане во Торино.

Ситуацијата околу Бонучи будно ја следат Манчестер Сити, ПСЖ и Челзи кои се спремни да понудат 60 милиони евра за неговиот потпис.

To Top