Бонучи беше исвиркан на „Сан Сиро“, а потоа жестоко ги навреди навивачите


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба! ↓↓↓



Италија синоќа одигра реми без голови против Португалија, мечот се играше на „Сан Сиро“ и во центарот на вниманието беше Леонардо Бонучи.

Дефанзивецот на Јувентус иако го носеше репрезентативниот дрес доби силни свирежи од миланската публика, што беше и очекувано откако ова лето го напушти Милан и се врати во Торино.

После мечот дефанзивецот испрати жестока порака до фановите и ги нарече идиоти.

„Мајката на идиотите секогаш е бремена. Секогаш ќе има одредени идиоти. Најважно е што ја имам поддршката од соиграчите, бидејќи само тоа е важно за мене и мојата игра“, изјави видно нервозниот Бонучи.