Bontech Connectivity Set – револуција во светот на оние кои имаат проблеми со слухот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Повеќето луѓе кои редовно носат слушни апарати поради проблеми со слухот потврдуваат колку истите им го подигнуваат квалитетот на животот и снаоѓањето во секојдневнието. Предностите се бројни, од квалитетни меѓучовечки односи, зголемена самодоверба и наједноставно кажано, уживање во животот. И покрај тоа што до неодамна постоеја предрасуди, денес апаратчињата за слушање, благодарение на модерната технологија, покрај прагматичен, стануваат и моден додаток.

Експертите од Bontech креираа револуционерен гаџет во светот на слушните апарати и помагала. Незабележлив, невидлив и ненаметлив слушен апарат, совршен за студенти, професори, деловни луѓе, како и за сите оние кои бараат најдобра чистота и јасност на звукот и најсовремен начин на работа. Со помош на Bluetooth технологијата, за прв пат, можно е да ги поврзете вашиот апарат за слушање и вашиот iPhone и со помош на едноставната апликација TruLink да ја нивелирате гласноста или целосно да ја намалите истата.

Благодарение на Apple iPhone 7 уредот, коумникацијата преку телефонските разговори или слушањето музика се врши на вообичаениот начин, но „звукот“ се праќа директно во слушното помагало. На тој начни, шумовите и зуењето стануваат минатост. Важен повик е невозможно да пропуштите од причина што во слушниот апарат го слушате ѕвонењето на телефонот и кога тој се наоѓа во торбата, џебот или ранецот.

Connectivity set овозможува квалитетна комуникација, јасен и разбирлив говор, слушање музика и гледање филмови со кристално јасен звук, па поради тоа претставува незаменлив модерен гаџет за современиот млад и секогаш зафатен човек. Истовремено, тој е најдобар пријател и сигурна потпора за сте баби и дедовци. Сега со него луѓето со проблеми со слухот ќе можат да уживаат во песната од птиците, џагорот и смеата на децата, шумењето на брановите и едноставно ќе уживаат во животот.