„Бомба“ од Шпанија: Модриќ и 40 милиони за Икарди!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид спрема понуда за капитенот на Интер, Мауро Икарди.

Икарди веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а „Диарио Гол“ тврди дека „кралевите“ спремаат понуда која Интер нема да може да ја одбие.

Имено, Перез е спремен да го „жртвува“ Лука Модриќ и да плати додатни 40 милиони евра за потписот на голгетерот.

Интер силно го посакуваше Модриќ уште ова лето и се уште не се откажува од Хрватот, па ова може да биде примамлива понуда, но „нероаѕурите“ сигурно ќе сакаат повеќе пари од најавените 40 милиони евра.

Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра, но можно е наскоро да го продолжи договорот со миланскиот клуб и да биде ставена повисока клаузула.

„Диарио Гол“ кој ја лансираше оваа вест потенцира дека Реал ја спрема оваа понуда за следното лето, не за јануарскиот преоден рок.