Тоа мислите го прават несвесно? – Природата вели дека не може поинаку, но секако не е пријатно…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оправдувањето за ова кај машкиот пол пристигнува од круговите на науката.

Имено, тоа што се вртат по другите девојки во присуство на својата дама, не може да им се замери, бидејќи тоа е работа на еволуцијата. Така покажа истражувањето на експертите од Универзитетите во Стерлинг и Глазгов, кои заклучија дека против ваквото однесување едноставно не можеме ништо.

„Момците едноставно се предодредени за репродуктивен успех, и односите со што повеќе жени. Поради тоа несвесно се вртат по секоја жена која им делува атрактивно“, стои во објаснувањето на експертите.

Меѓутоа, психологот Маргарет Вудс потсетува дека тоа не е убаво, бидејќи тоа е срам и на партнерот и девојката во која дечкото гледа.

„Колку и да е убава и свесна за својата физичка привлечност, секоја жена че се навреди или ќе разбесни на ваквиот гест. Прашање е само дали отворено ќе признае или ќе премолчи, а во себе ќе страда поради тоа. Едноставно не е убаво тоа да го прават зрелите мажи, бидејќи е навредиливо и дегутантно. Нека се запрашаат како би реагирале кога нивната партнерка тоа ним им би го направила. Сигурно би помислиле дека не ги почитува“, предупредува Вудс.