„Бомба“: Мората му кажа ДА на Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијаските медиуми пренесуваат дека раководството на Милан веќе работи на доведување на првата трансфер цел, а тоа е Алваро Мората од Реал Мадрид.

Имено, новиот спортски директор на „росонерите“ Мирабели веќе имал состанок со агентот на Мората, Хуанма Лопез и му ги претставил амбициите и плановите на клубот за во иднина.

„Газета дело спорт“ пренесува дека Мората кажал ДА на понудата на Милан и е спремен на лето да се врати во Италија, а голема улога во неговата одлука игра и неговата сопруга, Алис Кампело. Таа е италијански фотомодел кој голем дел од времето го поминува во Милан.

Проблем за Милан може да претставува отштетата која ја бара Реал Мадрид, а која изнесува 80 милиони евра.

Исто така проблем за „росонерите“ е и големата конкуренција бидејќи за Мората силен интерес покажуваат уште Челзи и Манчестер Јунајтед.