„Бомба“: Леброн Џејмс во Лејкерс од 2018 година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминувањето на Кајри Ирвинг во Бостон ова лето нема да биде единствената лоша вест за навивачите на Кливленд.

Имено, американските медиуми пренесуваат дека првата ѕвезда Леброн Џејмс од 2018 година ќе се пресели во редовите на Лос Анџелес Галакси!

„Со месеци се пишува за заминувањето на Леброн. Сакам да ги прекинам тие шпекулации и да потврдам дека од следното лето Џејмс ќе игра за Лејкерси. Тој ќе биде човекот кој ќе го врати статусот на голем култен клуб на „езерџиите“ од ЛА“, пишува ЕСПН.

Заминувањето на генералниот директор на Кливленд, Дејвид Грифин е главната причина за незадоволството на Леброн, а токму овој човек треба да одигра клучна улога околу трансферот на Џејмс, како што тоа го направи кога од Мајами го врати во Охајо.