Home Актуелно Боки 13 фатен како шверцува луксузни брендирани обувки

Боки 13 фатен како шверцува луксузни брендирани обувки

Своевремено познатиот македонски водител, денес познат активист, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, на царина од скопскиот аеродром бил фатен како шверцува на луксузни чевли, ремени, и очила за сонце, пренесува НетПрес.

Изворите за споменатиот портал велат дека во багажот на популарниот Боки 13, македонските цариници нашле 19 парчиња луксузни чевли од познати светски марки. Информациите велат дека тој се обидел да ги прошверцува во земјава, без да плати царина за нив, со што се сомничи дека сторил кривично дело согласно чл.263 ст.3. Од тие причини цариниците му изрекле глоба во висина од 15.000 евра.

На 19 март, годинава, Боки 13 враќајќи се во Македонија со лет од од Виена, бил фатен од царинската контрола на скопскиот аеродром во обид да прошверцува 19 пара луксузни обувки, ремени и очила за сонце. Нашите извори велат дека при слегувањето од авионот, Боки 13 поминал на т.н. зелен канал, место определено за лица кои немаат ништо за пријавување за царинење. При селекција од страна на царински службеник е прегледан багажот на Боки 13 и била пронајдена непријавената стока, како што информира нашиот извор, од комерцијален карактер.

Дознаваме дека во багажот на Боки 13 се наѓале 10 пара машки чевли од марките „Givenchy“, „Gucci“, „Giuseppe Zanotti“, „Tom Ford“, „Christian Louboutin“, „Laurent“ и „Louis Vuitton“, потоа четири пара луксузни папучи од марките „Gucci“, „Fendi“ и „Giuseppe Zanotti“, и еден пар очила за сонце „Gucci“, како и два пара ремени од марките „Louis Vuitton“ и „Gucci“.

Согласно чл.263 ст.3 од Царинскиот закон, Боки 13 извршил царински прекршок, за избегнување на царинска контрола и според овој член од законот, Боки 13 треба да плати глоба во висина од 15.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …