ЕУ даде дозвола: Бајер официјално го купува Монсанто за 66 милијарди долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Европската унија даде одобрување и официјално е извесно дека „Бајер“ ќе го купи „Монсанто“ за 66 милијарди долари, под услов да се ослободат компанијата и правата во вредност од 7,4 милијарди долари со цел да се обезбеди фер конкуренција на пазарот.

Овој договор внимателно го набљудуваат ривалските компании и еколошки организации.

Еврокомесарката за конкуренција Маргрет Вестагер изјави дека двете страни се договориле за продажба на правата во вредност од над шест милијарди евра и со тоа се отстранети грижите на ЕК во врска со конкуренцијата.

„Монсанто“ во септември минатата година ја прифати понудата на „Бајер“ за купување акции во вредност од 57 милијарди долари и преземање долг од девет милијарди долари.

Директорот на „Баѕер“, Вернер Бауман изјави дека одобрението на ЕК е „голем успех“, додавајќи дека компаниите и понатаму работат со американските власти околу договорот за кој се надеваат дека ќе биде конечен во вториот квартал од годинава.