Аферата „Кембриџ Аналитикa“ тресе: Закерберг јавно ја призна грешката


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Основачот на технолошкиот гигант Фејсбук, Марк Закерберг, јавно призна дека најпознатата социјална платформа Фејсбук „направила грешки“ во случајот на аферата со Кембриџ Аналитикa.

Закерберг во прилично долгиот пост на Фејсбук напиша дека се случило „прекршување на довербата“ меѓу креаторот на апликацијата Александар Коган, фирмата Кембриџ Аналитикa и Фејсбук.

Но, тој додаде и дека се случило кршење на довербата меѓу Фејсбук и „луѓето што ги споделиле нивните податоци со социјалната мрежа“.

„Јас го почнав Фејсбук и на крајот на денот јас сум одговорен за она што се случува на нашата платформа“, напиша тој.

Најави и конкретни мерки. За почеток, како што вети, ќе ги истражи сите апликации кои имале пристап до големо количество информации од моментот кога во 2014 платформата беше сменета за поприлично да се ограничи пристапот до информациите на корисниците.

Во иднина, според Закерберг, дополнително ќе се ограничи пристапот до корисничките информации за да не се случуваат вакви нешта.