Бодо Глимт „ја отепа“ Рома – најголемото понижување за Мурињо


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Eкипата на Рома вечерва доживеа вистински дебакл во Конференциската лига на гостувањето кај Бодо Глимит каде што беше поразена со неверојатни 6:1.

Тимот на Жозе Мурињо беше целосно разбиен иако како голем фаворит влезе во мечот. Дека Рома нема добро да помине беше најавено после 20 минути игра кога домаќините преку Ботием и Берг водеа со 2:0. Перез во 28. минута намали на 2:1. Во тие моменти изгледаше дека Мурињо ќе ги врати работите како што многумина очекуваат, но не се случи тоа.

Ботием во 52. минута зголемува на 3:1, а потоа погодува Солбакен, Пелегрино и уште еднаш Ботием за неверојатни 6:1.

Дефинитивно ова е едно од најголемите понижувања во кариерата на Жозе Мурињо.