FERRARI TESTAROSSA vs LAMBORGHINI COUNTACH – дуел на два класици


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


YouTube каналот 888MF е посветен на пионерите во сегментот на хиперспортот и реши да ги спротивстави Lamborghini Countach LP 5000 QV од 1986 година со две години помладата Testarossa. Ферари поминал само 12.875 километри и на прв поглед делува далеку помирен од напнатото Lamborghini кое веќе навестува дека пука од сила.

И навистина, Ферари е полесно да се вози во секој поглед, па дури и да се замисли како во секојдневниот сообраќај. Моторот е потивок, управувањето е подобро, а да не зборуваме за видливоста. Countach е потполно спротивен, така што не влева доверба кај возачот со квалитетот на изработката, туку со самите динамични карактеристики. Но, повторно, на кратки растојанија ова е автомобил кој ја буди крвта во вените и гарантира дека сите ќе го забележат.