Home Шоубизнис Бившата од Ал Пачино за раскинувањето: „Колку и да го сакам, сепак, тој е старец“

Бившата од Ал Пачино за раскинувањето: „Колку и да го сакам, сепак, тој е старец“

Бившата девојка на славниот холивудски актер и заводник, Ал Пачино, 39 години помладата Мејтал Дохан, откри поради што врската со холивудската ѕвезда била осудена на пропаст.

После речиси две години поминати во врска, 43-годишната израелска актерка Мејтал Дохан за едно локално списание откри дека врската со Пачино ја раскинала поради големата разлика во годините.

„Тешко е да бидеш со стар човек, па дури тој да е и Ал Пачино“, изјави Мејтал за израелското списание La Isha, пренесува People.

„Разликата во годините е преголема. Се трудев да го занемарам тоа, но, да бидам искрена, тој сега е само еден старец. И покрај сета моја љубов, врската не опстана“.

„Неодамна се искаравме и го оставив, но навистина го сакам и почитувам. Мило ми е што бев покрај него кога и да му беше потребно тоа и што сум дел од неговото наследство“, додаде Мејтал. „Тоа ми претставува чест. Среќна сум што бевме во врска и се надевам дека ќе останеме добри пријатели“. Таа откри дека Пачино не ја опсипувал со подароци, туку дека ѝ купувал само цвеќе.

Парот последен пат се појави заедно во јавност на премиерата на „The Irishman“, најновиот филм на Мартин Скорсезе во кој глуми и Пачино. Тогаш друштво им правеше и 18-годишната ќерка од актерот, Оливија.

Пред врската со Дохан, Пачино десет години беше во љубовна врска со аргентинската актерка Луција Сола. Нејзината ќерка Камила Мороне, која моментално е девојка на Леонардо ДиКаприо, порасна покрај Ал и се многу блиски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Конгресменката Ана Паулина Луна побара смртна казна за таткото на Меган Маркл

Американската конгресменка Ана Паулина Луна побара смртна казна за Томас Маркл постариот, …