Битка за живот: Потресна репортажа од болничкиот ковид-центар во Сплит (видео)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Не сум загрижен што ќе се случи за три недели. Загрижен сум што ќе се случи утре. Многу од нив се спасени со респиратори. Се работи за апарат“ – изјави д-р Божидар Дупланчиќ, анестезиолог на интензивна нега во Клиничкиот болнички центар Сплит.

Тој вели дека има доволен број на доктори, но треба да има најмалку двојно повеќе медицински сестри.

„Уморна сум, сите мои колеги се уморни. Пред некое утро се прашував, Боже, ќе можеме ли сето ова да го издржиме? Засега некако успеваме, но ако вака продолжи, ако луѓето не се вакцинираат, ако не нè слушаат“, вели Јадранка Марас, главна медицинска сестра на одделението за интензивна нега.