Били Ајлиш на гости кај Симпсонови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поп пејачката Били Ајлиш ќе им се придружи на Симпсонови во новото шоу на Дизни+ овој месец, објави пејачката.

Оскаровката и поп ѕвезда, заедно со нејзиниот брат Финес О’Конел, ќе се појави во краткиот филм насловен „Кога Били ја запозна Лиза“ што ќе се емитува на 22 април. Лиза Симпсон ќе ги открие Ајлиш и О’Конел додека бара мирно место за вежбање саксофон.

Музичкото дуо потоа ќе ја покани Лиза во нивното студио на специјален џем сешн.

20-годишната пејачка се појавува во четвртата колекција кратки филмови создадена исклучиво за Disney +. Претходните кратки филмови вклучуваат „Maggie Simpson In The Force Awakens From His Nap“ со тема „Војна на ѕвездите“ и „The Good, The Bart, And The Loki“ инспирирани од Marvel.

Дуото Ајлиш и О’Конел неодамна доби Оскар за најдобра оригинална песна.