Бијонсе мора да има контрола над сè: За комеморацијата за Коби имаше едно барање


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој понеделник, вечерта, во „Стејплс Центар“ арената во Лос Анџелес, беше одржана комеморација за трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и останатите лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа кон крајот на јануари во Калифорнија.

На комеморацијата присуствуваа илјадници луѓе, меѓу кои и голем број познати имиња.

Славната Бијонсе на комеморацијата ја изведе омилената песна на Коби „ХО“ и песната „Halo“, а странските медиуми објавија дека пејачката им забранила на фотографите да ја сликаат за време на комеморацијата.

Уредниците на фото агенциите како „Гети Имиџс“ и „Асошиејтед прес“ за „Пост“ изјавија дека им било забрането да ги снимаат децата на Коби, како и славната пејачка.

„Бијонсе секогаш мора да има контрола над сè. Мислам дека е навредливо и за семејството на Брајант. Таа секогаш избира кои фотографии да ги објави во медиумите. Ниту семејството на Мајкл Џексон , ниту Кристина Агилера, никој го немаше тоа барање. Таа секогаш смета дека сè се врти околу неа “, изјави извор за американските медиуми.

Персоналот во „Стејплс Центар“ мораше да се увери дека нема фотографи на сцената. Ова не е првпат тимот на Бијонсе да утврди кои медиуми што може да објават. По нејзиното појавување во Супербол во 2013 година, BuzzFeed беше принуден да отстрани напис што зборуваше за 33 најжешки моменти во изведбата на Бијонсе.