Бијонсе ќе царува со најновото издание на престижниот Vogue


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Септемвриското издание на Vogue традиционално е најголемиот, најсилен, највлијателен моден магазин во светот на модните медиуми. За подготовката и издавањето на ова издание беше снимен дури и документарен филм со наслов „The September Issue“.

А оваа година се случува нешто без преседан, поврзано со најпрестижното издание на „модната Библија“ – главниот уредник Ана Винтур целосно го отстапи септемвриското издание на поп дивата Бијонсе. Пејачката ќе ја краси насловната страна, и воопшто, ќе ги земе сите важни одлуки. Ова е дел од пред-договорот кој е потпишан со Vogue и некои од нејзините барања.

Пејачката ги користи дадените овластувања, за да даде моќен поттик за кариерата на 23-годишниот фотограф Тајлер Мичел. Тој ќе ја фотографира за бројот, што е случај без преседан, бидејќи за прв пат во 126 години насловната на Vogue ќе биде направена од фотограф со темна боја на кожата.

Покрај контролата над насловната страница, Бијонсе ќе одлучи кој снимка ќе влезе во материјалот. Таа исто така ќе ја напише нејзината статија – односно, таа навистина има целосна контрола.