Дали овој холивудски фраер навистина спиел со 13.000 жени?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Питер Бискејнд во биографијата за холивудската актерска легенда Ворен Бити, која ја издаде во 2010 година без авторизираност од страна на актерот, пишува дека во рамките на својата актерска кариера, Бити спиел со дури 13.000 жени.

81-годишниот Бити, сепак, ги прокоментира овие бројки со едноставно математичко пресметување давајќи му приземна проценка на ова претенциозно тврдење.

Зашто од 1992 година тој е женет за Анет Бенинг, со која има четири деца и двајцата уживаат среќен семеен живот, останува прашање дали бројката е направена пред тоа. Бити, кој не го негира својот имиџ на плејбој, сепак бил со жени како Мадона, Дајан Китон, Натали Вуд, Барбара Стрејсенд, Џоан Колинс, Шер и многу други.

Но како што пресметува самиот тој – „Тоа значи дека требал да спиел со по неколку на ден, а и не треба да бил со нив повеќе од еднаш, бидејќи нема начин како бројката од 13.000 да излезе“, вели Бити во интервју.

Иако цифрата очигледно не е толку голема, сигурно е импресивна и самиот Ворен Бити не се срами од фактот дека бил таков женкар. „Видете, на крајот не сум натерал никого на ништо, не сум направил ништо лошо … Со сите сум се однесувал мило. Сепак, јас сум добро момче“, коментира тој.