Што поскоро исфрлете ги: Навики кои ви го уништуваат квалитетниот вечерен сон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спиењето е биолошка потреба на телото и организмот, без кое човекот не може нормално да функционира. Нормалниот и препорачан временски период кој е доволен за одмор на телото и организмот е различен и варира од личност до личност. За некои, потребно е 8-9 часа спиење дневно, додека за други потребни се 5 часа.

Меѓутоа, она што е обединувачко е фактот дека тој е исклучително важен. А знаете ли дека дури да спиете и 15 часа, ако се будите на секои 20 минути, воопшто нема да сте одморени?

Зошто спиеме може да е мистерија, но едно нешто е јасно: не треба да се лишуваме од сонот, бидејќи тој е еднаков на здравје и добро расположение.

Често, сепак, намерно правиме мали грешки кои можат да се мешаат со добар сон. Еве што не треба да правиме, за да уживаме во целосен одмор:

Ги оставате светлата

Светлината ја нарушува способноста на епифизата да произведува мелатонин. Светлината може да помине директно преку оптичкиот нерв кон хипоталамусот, кој го контролира вашиот биолошки часовник, кој му сигнализира на мозокот дека е време да се разбудиме. За да го спречите ова, едноставно исклучете ја светилката.

Гледате на телефонот во кревет

Синото светло го пренасочува вашиот биолошки ритам во погрешна насока. Телото има потреба од темнина за да произведува мелатонин, што помага за добар сон.

Работите во кревет

Не го користете креветот како канцеларија за да одговорате на телефонските повици и пораките. Тој треба да ја игра улогата на место за одмор, а не да предиспонира кон загриженост.

Гледате телевизија до премногу доцна

Телевизорите испуштаат сино светло, кое влијае на нивото на мелатонин повеќе од било кое друго светло. Друг проблем е тоа што гледате. Шансите се филмот или доцното шоуто да бидат постимулирачки, отколку што мислите.

Вежбате

Вежбањето во вистинско време е од суштинско значење за спиење ноќе. Иако е докажано дека ви помога да спиете, тоа може да ве направат побудни. Медицинскиот центар на Универзитетот Мериленд препорачува избегнување на активни вежби најмалку два часа пред спиење.

Јадете пред спиење

Хранењето предизвикува секреција на киселина во стомакот, која потоа оди до хранопроводот. За да се ослободите од неа, се будите и тоа значи немирен сон. Затоа, јадете најмалку 3 часа пред спиење.

Пиете премногу вода

Водата е совршен пијалок, но не и кога ја пиете пред да одите во кревет. Водата, како и храната, може да предизвика рефлукс, и честото одење во тоалетот ќе ве разбуди.

Или алкохол

Алкохолот може и да мислите дека ќе в релаксира, но заедно со брзото заспивање има и еден проблем. Го намалува брзото движење на очите (RЕМ), што нема да настапи до околу 90 минути по заспивањето. РЕМ сонот е кога сонуваме и всушност одмораме.

Или чај

Проблемот е кофеинот, кој го има во многу чаеви и ќе ве буди ноќе. Ако сакате чаша чај, изберете билни. Тој може да ви помогне да се опуштите и да уживате во поздрав сон.

Или газирано

Една студија меѓу повеќе од 18.000 возрасни ја воспоставува врската помеѓу луѓето кои спијат пет часа и помалку и консумацијата на засладени газирани пијалаци.

Пушите

Ако ви треба причина да се откажете од лошата навика, еве една. Никотинот ќе ве возбуди и ќе го прекине циклусот на спиење.

Просторијата е премногу топла

Идеалната температура е онаа со која се чувствувате пријатно. Ако во собата во која спиете сепак е поладно, ќе се радувате на подобар сон, покажуваат истражувања.

Јадете чоколадо

Темната чоколада, макар и богата со антиоксиданси, може да содржи високи нивоа на кофеин, кои ќе ве држи будни во текот на ноќта, ако сте чувствителни. Исто така содржи и обромин – соединение кое има ефект сличен на кофеин.

Или масна храна

На вечера, избегнувајте тешка и мрсна храна. На вашиот стомак му треба време да ја обработи храната и тоа ќе ве држи будни некое време.