Бигорексија – убиствено нарушување опасно и по живот за мажите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мажите од целиот свет ги жртвуваат нивните животи за да добијат мускулест изглед.

Но, прекумерното вежбање може да биде причина за појава на нарушувањето мускулна дисморфија, позната како бигорексија, која може да предизвика депресија, тенденција кон самоубиство, како и ненадејна смрт од мозочен и срцев удар.

Откако во „Дејли Мејл“ беше објавена веста за смртта на Оли Лоан (20), голем дел од светската јавност сериозно почнаа да се однесува кон нарушувањето бигорексија.

Од ова нарушувањето кое се карактеризира со опсесивна потреба за зголемени мускули, страда секој десетти маж кој редовно вежба. Како што болните од анорексија не се во состојба да сфатат дека не се предебели, така и мажите кои страдат од бигорексија не прифаќаат дека нивните мускуи се доволно големи и покрај објективниот изглед.

Ова анксиозно растројство покрај психичките, доведува и до сериозни здравствени проблеми, на прво место ризик од срцев и мозочен удар, потоа намалување на тестисите, губење на косата, безволност, па дури и до тенденции кон самоубиство. Тие проблеми се потенцирани и заради злоуптреба на супстанци за вештачко зголемување на мускулите, кои можат да бидат штетни на кардиоваскуларниот систем.

Опсесивноста во некои случаи може да биде доминантна преокупација, така што таквите случаи доведуваат до сериозни дисфункционалности и фокусирање исклучиво на нарцисоидно занимавање со своето тело. Таквите личност практично се оневозможени да се вклопат во социјалните облици на однесување и да се занимаваат со вообичаени аткивности и работи.

Во една емисија на Би-Би-Си, експерти од оваа област, предводена од Роб Вилијамс, кој го води Центарот за дисморфични нарушувања, ја разгледуваа бигорексијата како психичко нарушување и укажаа на причините кои лежат во генетиката и неравнотежата на хормоните во мозокот и кои се карактеристични и за голем број други психијатриски состојби.

Како причина се наведуват траумите во детството предизвикани од злоупотреба и создавање несигурност кај децата што во адолесценцијата моде да доведе до сублимација на фрустрации во проекции за идеалнен телесен изглед кој би требало да биде слика на успешност и моќ.

За жал, како и голем број други екстремни експерименти со сопственото тело и бодибилдингот може да биде замка во која паѓаат голем број млади луѓе, кои на крајот се принудени да побараат стручна медицинск помош.