Безос: За да се биде успешен, треба да се биде…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кога најбогатиот човек на светот според статистиката на престижниот „Forbes“, милијардерот Џеф Безос, ќе тврди дека некоја особина е најбитна за успехот во животот, човек не може да игнорира таква информација.

Безос тврди дека, иако е невозможно да се издвои само една особина која им е заедничка на сите успешни луѓе, во разговорот за книгата „Think Like Amazon” откри дека најважно за да биде човек успешен е да биде несфатен.

,,Научив да се биде инвентивен и пионер на своето подрачје вклучува и ризик долго време да бидете несфатени. На самиот почеток кога воведовме рецензии од коризниците, некој ми рече дека не разбирам како се води бизнис. Ми рече дека заработката доаѓа од продажба на предмети, па нема потреба од објавување негативни коментари. Кога го прочитав тоа писмо реков: Ние не заработуваме со продажба на предмети. Заработуваме така што им помагаме на купувачите да донесат одлука за купување.” , рече Безос.

Се покажа дека бил во право. Рецензиите на производите, позитивни и негативни им помогнаа на потрошувачите да се решат каков производ да купат, а поради изградената доверба, Amazon продаваше уште повеќе производи.

Бесоз додаде и дека секогаш треба да се биде пофдготвен за критики, но и дека на вас е да решите дали ќе им верувате.