Безос го „реметеа“ на Оскарите за неговото богатство и за скапиот развод


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓу филмската и шоубизнис елита на доделувањето на Оскарите беше и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос. Безос на церемонијалното доделување на филмските награди се најде на мета на шеги за неговиот пропаднат долгогодишен брак и скапиот развод.

Тој беше забележан во публиката од комичарот Крис Рок и веднаш го почести со неколку шеги.

„Еј, Џеф Безос е тука“, рече Крис, а Стив Мартин, кој беше со него на сцената, одговори: „Одличен актер“.

„Тој има пари. Кога ќе напише чек, банката се стресува“, рече Крис, предизвикувајќи смеа.

Потоа комичарот започна да прави шеги на сметка на Безос за неговиот пропаднат брак, кои очигледно не му беа баш најсмешни на Џеф.

„Џеф Безос е толку богат што тој сè уште останува најбогатиот човек на светот и по разводот. Кога го гледаше Marriage Story, мислеше дека е комедија”, продолжи Крис Рок.

Безос се смееше, како и сите други, но веројатно не беше премногу среќен поради шегите за неговиот развод, што не треба да му се замери , затоа што тој и неговата поранешна сопруга Мекензи, се разведоа минатиот април по 25 години брак.