Home Спорт Беше за очекување: Дерби „Дела Мадонина“ ќе се игра во Кина!

Беше за очекување: Дерби „Дела Мадонина“ ќе се игра во Кина!

Следната недела Милан и официјално ќе премине во рацете на кинески конзорциум, додека градскиот ривал Интер скоро една година има кинески сопственици, односно компанијата „Сунинг“.

Ова е историски момент за италијанскиот фудбал, бидејќи два од трите најголеми клуба на Апенините завршија во кинески раце.

Денес италијанските медиуми пренесуваат дека двата градски ривали веќе договориле пријателски натпревар кој ќе се одигра во Кина, најверојатно на 29-ти јули.

Милан и Интер се меѓу најпопуларните европски клубови во Кина и имаат многу фанови на Далечниот Исток, а последен пат играа во Кина во август 2011 година во рамките на италијанскиот Суперкуп.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…