Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Парите и славата кои ги носи животот на славните фудбалери често може да биде карта за „пропаст“ во поодминатите години од животот.
Кени Сансон, 54-годишен бивш англиски фудбалер, моментално е опседнат со два порока од кои никако не може да се откаже – коцкање и алкохол.
Поранешната ѕвезда на Арсенал во исповед за таблоидот „Сан“ призна дека е „пропалица од човек“.
„Бездомник сам веќе десетина дена. Зошто? Затоа што немам скршена пара. И не само тоа, алкохолочар сум и коцкар, а здравјето ми е нарушено. Живеам на улици и спијам по клупи и паркови. Мојот живот е пекол“, изјави поранешниот фудбалер и додаде:
„Јас сум непоправлив пијаница. Пијам колку што можам да си приуштам. Едноставно јас сум пропалицаод човек. Луѓето од Арсенал постојано се обидуваат да ми помогнат, но јас сум самиот себе најголем непријател“.
Сансон е легенда на Арсенал и играше на позициајта лев бек. За англиската репрезентација запиша дури 86 настапи, што е втор најголем број на настапи за Гордиот Албион кога се во прашање бековите. Од терените се повлече во 1994 година.
„Сан“ пишува дека Синсон во моментив поседува само мобилен телефон, картичка за патување во јавен превоз и 20 фунти. Дека дневно пие вино колку што може да купи, а спие на клупа во парк.
После оваа сторија луѓето од Арсенал повторно јавно се понудија за помош, како и Здружението на професионални фудбалери. Од Арсенал последниот пат го вработиле како водич на посетителските тури на „Емирати“.