Бензема со една објава „го поздрави“ Мбапе за новиот договор кој го склучи со ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе потпиша нов договор со ПСЖ на уште три години и така го разочара Реал Мадрид.

Мбапе имаше вербален договор со „кралевите“ и во Мадрид беа сигурни дека ќе потпише за нив, но сега се чувствуваат предадено од Французинот.

Еден од тие кои се разочараа е Карим Бензема, кој очекуваше Мбапе да му се придружи во Реал, па објави фотографија на Инстаграм која очигледно е посветена на неговиот сонародник.

Бензема сподели фотографија од раперот Ту-пак, а под неа стоеше текст: „Ова е Ту-пак и неговиот пријател кој го предаде!“, со што се претпоставува дека алудира на потегот на Мбапе.