Бендот Визија е првиот хедлајнер на UNDERFEST


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бендот Визија ќе бидат хедлајнери на првата фестивалска вечер на UNDERFEST, кој ќе се одржи од 5-ти до 7-ми април, 2019, во Public room, Скопје.

Визија е бенд од Скопје, Македонија, основан во ноември 2011. Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал/ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани). Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил.

Бендот веќе има настапено на дел од поголемите балкански фестивали како што се Егзит, Заечарската Гитаријада, Таксират, Јелен Демофест, Лејк Фест, Миксер и други.

Покрај овие настапи, бендот добива одлични критики од американската радио станица „WMBR” и британскиот музички веб сајт „Emerging Indie Bands” кој на нивната листа на најдобри 90 нови бендови од светот за 2014 година, ја поставува визија на високото седмо место.

Во декември 2016, Визија го издава својот прв студиски албум „Гласно!”, а материјалот беше претставен и во живо на концертната промоција одржана во МКЦ на 08.12.2016.

Визија ќе настапат на првата фестивалска вечер на „UNDERFEST” во петок на 05 април, 2019-та година. Ова а првиот потврден хедлајнер, фестивалот има најавено и уште 10-тина други изведувачи, а во престојниот период се очекува комплетирање на целосната програма. Влезот за сите посетители е бесплатен.