Бекинсејл со страсен бакнеж ја „завери“ љубовната врска со Дејвидсон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актерката Кејт Бекинсеј дефинитивно е во љубовна врска со 25 години помладиот Пит Дејвидсон. Потврда и доказ за тоа е страсниот бакнеж кој тие го разменија на хокеарскиот натпревар во Њујорк.

Фотографите успеаја да ги снимат моментите во кои разменуваа нежност бидејќи беше очигледно дека тие веќе немаат намера да се кријат. Додека го гледаа натпреварот од трибините, тие се смешкаа и се држеа за раце цело време.

Комичарот Пит беше свршен со Аријана Гранде до октомври минатата година и сè уште е видлива тетоважата што ја има на вратот, а која ја посвети токму на пејачката додека беше во врскасо неа.

45-годишната Бекинсејл во 2016 година се разведе од режисерот Лен Висман.