Home Вебкафе Над 1.500 живи желки откриени во напуштени куфери на аеродром во Манила

Над 1.500 живи желки откриени во напуштени куфери на аеродром во Манила

Царинските службеници од филипинската царинска служба на аеродромот во Манила открија над 1.500 живи желки во напуштени куфери.

Во четири куфери оставени на аеродромот во Манила биле најдени вкупно 1529 живи желки , а се верува дека му припаѓаат на патник ,кој долетал од Хонг Конг. Во куферите имало повеќе видови желки , меѓу кои и африкански и европски видови.

„Патникот можеби бил предупреден на ригорозните казни за илегална трговија со живи животни и за ригорозните казни, па најверојатно ги оставил четирите куфери”, се наведува восоопштението од аеродромските власти.

Полицијата е во потрага по патникот , кој доколку биде фатен , може да добие затворска казна од две години или парична казна од 2 000 долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…