„Бегал“ од коронавирусот со мотор, па нагазил 209 км/час


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сообраќајна полициска патрола во Англија запрела мотоциклист кој возел со брзина од дури 209 км на час.

„Бегав од коронавирусот. Мислев дека ако возам побрзо помала веројатноста дека ќе се заразам “, им изјавил итриот мотоциклст на полицајците.

Но, и покрај ваквиот одговор тој сигурно ќе биде казнет за возењето со голема брзина.

Друга интересна ситуација се случи следниот ден. Возачот на автомобилот BMW на автопат возел со брзина од 273 км на час и кога бил запрен од полицијата имал подготвен изговор: „ Бегам од сопругата и децата. Не очекував дека тоа ќе биде проблем“, секако полицијата немала милост ниту кон овој несовесен возач.