Home Спорт Барселона заинтересирана за македонскиот голман Столе Димитриевски

Барселона заинтересирана за македонскиот голман Столе Димитриевски

Шпанскиот медиум „Ел Чирингито“ лансираше „бомба“ и објави дека Барселона е заинтересирана за македонскиот голман Столе Димитроевски.

Димитриевски со одличните настапи во Рајо Валекано се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Примера оваа сезона, па Барселона покажа интерес за него.

Барселона сака да се ослободи од Нето, а како негова замена да го донесе Столе Димитриевски.

Прва опција на голот останува Тер Штеген, но Чави не е задоволен од неговата форма, па доколку се реализира трансферот на Димитриевски, тој ќе му биде сериозна конкуренција.

Димитриевски сезонава е голман со највисок процент на одбранети удари во Ла Лига и тоа со дури 80,6%. За разлика од Македонецот, Тер Штеген има само 56,8% одбранети удари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…