Барселона му даде црвен картон на Куман – наводно веќе е договорен и неговиот наследник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона официјално потврди дека му врачи отказ на тренерот Роналд Куман.

Барселона лошо ја започна сезоната и заостанува од врвот, а последните два порази од Реал Мадрид и Рајо Валекано ја прелеаа чашата.

После поразот од Рајо Валекано Барселона се наоѓа на 9-то место на табелата, па претседателот Лапорта одржа итен состанок со раководството на кој беше донесена одлука да биде отпуштен тренерот Роналд Куман.

Каталонските медиуми пренесуваат дека прв фаворит за тренерското столче на Камп Ноу е легендата Чави Ернандес.

Чави веќе шест години е дел од катарскиот Ал Сад, првите три години како играч, а последните три како тренер и има голем успех освојувајќи седум трофеи и моментно се наоѓа во серија од 34 натпревари без пораз.

Поранешниот капитен на клубот наводно уште синоќа разговарал со Лапорта и се согласил да се врати во клубот и да започне реконструкција на тимот.

Чави наводно веќе дал инструкции на раководството, а првото барање е да биде задржан Осман Дембеле во тимот.

Чави во договорот со Ал Сад има клаузула, која му дозволува да ја напушти клупата доколку добие понуда од Барселона.