Барса праќа скаути за Србинот кој е „откритие“ во Бундеслигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Јовиќ е најголемото откритие оваа сезона во Бундеслигата и е најефикасниот напаѓач во Европа во моментов.

Напаѓачот на Ајнтрахт има постигнато 12 гола на 15 меча сезонава и го привлече вниманието на многу еврпски гиганти како Баерн Минхен и Барселона.

Српските медиуми пренесуваат дека Барса е силно заинтересирана за Јовиќ и испратиле скаути да го гледаат на утрешниот натпревар помеѓу Србија и Црна Гора во Лигата на нации.

Цената на 20-годишниот Јовиќ во моментов изнесува помеѓу 40 и 60 милиони евра. Напаѓачот е во сопственост на Бенфика, а во Ајнтрахт игра како позајмен фудбалер веќе втора сезона по ред.

Германскиот клуб има можност да го откупи неговиот договор за поволна сума и најверојатно ќе го стори тоа, но сигурно ќе сака добро да заработи на неговата продажба.