Барса ја одреди цената за Кутињо, три клуба спремни да ја платат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следниот месец ќе биде од големо значење за иднината на Филипе Кутињо во Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Бразилецот го загуби местото во стартниот тим, а ситуацијата ја прават деликатна 160-те милиони евра кои клубот ги даде за неговиот потпис.

Кутињо е најскапото засилување во историјата на клубот, а се претвори во „луксузна резерва“, бидејќи не се вклопува најдобро во тактиката на тренерот Ернесто Валнерде.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека се одржал состанок на „Камп Ноу“ каде покрај раководството на Барселона присуствувал и агентот на Бразилецот. Доколку работите не се променат во следниот месец, тогаш Кутињо на лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.

„Спорт“ пишува дека Барселона за слободата на Кутињо бара 130 милиони евра, а три клубови се заинтересирани за Бразилецот.

ПСЖ е првата опција за Кутињо, „светците“ се спремни да платат 130 милиони евра, но само во случај ако продадат некоја од своите големи ѕвезди.

Челзи се споменува како втора опција, но проблем е што лондонскиот клуб е под забрана за трансфери во моментов.

Како трета опција се посочува Манчестер јунајтед кој во Кутињо гледа идеална замена за Алексис Санчез, кој е на излезна врата од „Камп Ноу“.