Барса е во катастрофална финансиска состојба – не е далеку од банкрот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе е јасно дека Барселона е во катастрофална ситуација, а сега за тоа има и официјална потврда.

Годишниот финансиски извештај кај каталонскиот гигант покажува дека долгот на Барселона изнесува 1 милијарда и 173 милиони евра, а од нив дел се краткорочни долгови. Каталонците треба да вратат 730 милиони евра до крајот на годината.

Голем проблем е што Барселона не може и не се знае до кога нема да може да смета на приходите од влезниците и претплатите, како и заработката поврзана со одигрување натпревари и посети на стадионот, додека приходите од продажба на сувенири е значително намалена.

Објавата на финансискиот извештај е само уште еден во низата удари кои Барселона ги претрпува во овој период. Клубот планираше дел од долгот да се врати од продажбата на влезниците. Се очекуваше до крајот на сезоната на тој начин да заработи 56 милиони евра. Меѓутоа бидејќи сè уште се на сила мерките поради пандемијата со короонавирусот тие бројки прашање е какви ќе бидат.

Барселона не може и кој знае колку да заработи со продажба на играчите. Освен Ансу Фати кој е повреден и нема да игра два месеци, нема играчи кои можат нешто значително да придонесат. Трите најскапи засилувања во клубот ја изгубија вредноста од кога дојдоа (Кутињо, Дембеле, Гризман). Продажба на Меси повќе не е опција затоа што му завршува договорот.

Со еден збор тешка задача ќе има новиот претседател да ја врати Барселона на врвот.