Барса доживеа реприза на Париз, Дибала незапирлив – Јуве на чекор до полуфиналето (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус направија голем чекор кон пласман во полуфиналето, во Лигата на шампионите, откако во првиот четвртфинален меч ја совладаа Барселона 3:0 (2:0). Играч на натпреварот беше Паоло Дибала, кој ги постигна првите два гола.

Јувентус на својата арена целосно ги надигра Каталонците и со една нога закорачи меѓу најдобрите четири екипи во Европа. Паоло Дибала беше двоен стрелец, а судбината на Барселона ја запечати Џорџо Кјелини.

Според најавите и прогнозите, Јувентус од почетокот тргна офанзивно кон голот на Тер-Штеген. Офанзивата вроди со плод во седмата минута, Квадрадо прифати една топка на десната страна, непречено влезе во шеснаесетникот, поотоа го проигра Дибала кој од свртување го погоди споритвниот агол од голот на Барселона.

Каталонците одговорија во 21.минута, кога беа најблиску до постигнување на гол. Меси со брилијантна асистенција го исфрли Иниеста пред Буфон, но неговиот удар искусниот голман рефлексно го одбрани.

Три минути по нереализираната шанса на Иниеста, Јувентус постигна уште еден гол. Манџукиќ повлече по левата страна, а потоа ја врати топката на работо од шеснаесетникот, каде Дибала беше сам, биеше од прва во поблискиот агол за 2:0.

Откако стигна до посакуваниот резултат Јувентус го намали интензитетот во играта до крајот на првиот дел.

Второто полувреме започна со шанси на двете страни, не реализираа Аргентинците Меси и Игуаин. Во 55.минута Јувентус преку Кјелини го постигна третиот гол, кој веројатно е пресуден за пласман во полуфиналето.

Дефанзивецот најдобро се снајде по корнерот на Пјаниќ, најпрвин го издржа дуелот со Маскерано, а потоа со глава ја затресе мрежата на Тер-Штеген.

До карјот на натпреварот Барселона можеше да постигне гол, но Суарез промаши чиста шанса, а потоа Меси од слободен удар го погоди „живиот ѕид“.

Реваншот во Барселона ќе се одигра за осум дена.